Специјалист за аквизиција и документација
- Hiring from
- North Macedonia
- Work type
- Hybrid
- Posted
603,722 remote jobs, straight from company career pages
100% free · New jobs every hour
Show job descriptionHide job description
Координирање на активности поврзани со аквизиција, документација и легализација на инфраструктурни објекти. Универзитетска диплома од областа на инженерство, право или архитектура. Најмалку 2 години работно искуство во -преговарање договори; -примена на релевантни закони; -релевантни правни постапки поврзани со аквизиција и легализација на локации.. Изразени аналитички и преговарачки способности. Одлично и ажурирано познавање на применливите закони, подзаконски акти и оперативни процедури поврзани со инфраструктурни објекти и локации. Познавање на сопственичко-правните односи, катастарските постапки и документацијата поврзана со недвижен имот. Познавање на постапките за добивање дозволи и одобренија, како и постапките за легализација на инфраструктурни објекти. Одлични комуникациски и координативни способности. Течно познавање на англиски јазик, и писмено и усно. Познавање и користење на MS Office. Способност за решавање проблеми. Проактивна, иницијативна и љубезна личност. Одговорност за аквизиција на нови локации, согласно плановите, стратегијата и буџетот на компанијата. Преговарање со сопственици/закуподавачи за склучување договори за аквизиција на нови локации за поставување опрема на компанијата, со цел да се обезбеди дека нема зголемување на трошоците и закупнините за локациите. Следење на договорите и преговарање за нивно продолжување или изменување за постојните локации, вклучително и постапување по евентуални барања од сопствениците во текот на користењето на локацијата. Координирање/олеснување на сите активности со релевантните државни органи — општински, локални и/или државни институции — и со надворешни компании во процесите на легализација на нови/постојни локации и линиска инфраструктура. Координирање на процесите со ангажираните подизведувачи за наведените активности.Следење на македонското законодавство поврзано со аквизицијата и легализацијата на локации и информирање на релевантните оддели во компанијата за сите законски измени што влијаат врз работењето на компанијата. Одговорност за воспоставување нови и ревидирање на постојните процедури во компанијата, со цел обезбедување ефикасност при аквизицијата и легализацијата на локациите. Активно учество во владини иницијативи поврзани со измени на законската регулатива. Извршување на сите други работни/деловни задачи побарани од директниот претпоставен, кога е потребно. Спроведување и/или координирање на проверката на правниот статус и статусот на сопственост на потенцијалните локации пред склучување на договор. Проверување на комплетноста и валидноста на документацијата поврзана со сопственоста, користењето и легализацијата на локациите. Соработка со Правниот, Финансискиот, Техничкиот и другите релевантни оддели со цел навремено и координирано извршување на активностите. Следење и координирање на катастарски и други административни постапки поврзани со локациите и инфраструктурните објекти. Индикатори за успешност Број на успешно договорени/преговарани нови договори. Број на повторно преговарани договори без зголемување на закупнината. Процент на легализирани локации. Просечно време потребно за документација и легализација на RT & GF локации. Опрема Стандардна канцелариска опрема. Службено возило кога е потребно за посета на локации на компанијата.. Посебни услови за работа Работа на терен, кога тоа е потребно. Користење на корпоративни системи и алатки, како што се OneSAP, Ivalua, SiteTracker и други.