- Hiring from
- North Macedonia
- Work type
- Hybrid
- Posted
628,853 remote jobs, straight from company career pages
100% free · New jobs every minute
Show job descriptionHide job description
Доколку сте правник со одлични аналитички способности, внимание на детали и интерес за корпоративно право, договори и законодавство, ве покануваме да станете дел од нашиот тим и да придонесете кон обезбедување квалитетна правна поддршка и усогласено работење на компанијата.
- Завршено високо образование од областа на правните науки.
- Минимум 3 години работно искуство на соодветни или сродни работни позиции.
- Одлично познавање на важечкото законодавство.
- Познавање на процесите поврзани со корпоративно управување и усогласеност со законската регулатива.
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel и PowerPoint).
- Активно познавање на англиски јазик, во пишана и усна комуникација.
- Развиени комуникациски и организациски вештини, како и способност за прилагодување на динамична работна средина.
- Изразено внимание на детали, аналитички пристап и прецизност во работењето.
- Самостојност, проактивност и одговорност во извршувањето на работните задачи.
- Подготвување, прегледување и усогласување на договори, одлуки, дописи, известувања, меморандуми и други правни документи.
- Обезбедување правна поддршка и советување на организациските единици во компанијата за различни правни прашања.
- Поддршка на корпоративните органи на управување преку подготовка на потребната правна документација и соодветни акти.
- Учествување во подготовка на документација за судски и други правни постапки, како и спроведување правни истражувања и анализи.
- Следење на законските и подзаконските прописи и навремено информирање за законските измени и нивното влијание врз работењето на компанијата.
- Учество во подготовка, прегледување и усогласување на интерните политики и процедури.
- Координација на процесите за склучување, обновување и измена на договори за закуп на нови и постојни локации и објекти.
- Координација на активностите за обезбедување потребни одобренија, решенија и правна документација за инфраструктурата на компанијата.
- Соработка и комуникација со надлежни државни институции, судови, општини, јавни органи и надворешни соработници.
- Следење и координација на процесите поврзани со стекнување и легализација на локации и инфраструктура.
- Извршување на функцијата Офицер за заштита на лични податоци (Data Protection Officer).
- По потреба, застапување на компанијата во судски и други постапки, во својство на овластен претставник
- Можност за професионален развој и усовршување.
- Работа во стабилна и брзо растечка компанија.
- Иновативни технологии и платформи за работа.
- Пријателска работна атмосфера.
- Дополнително приватно здравствено осигурување.
- Флексибилен работен распоред и можност за работа од дома.
Доколку оваа можност звучи како вистински предизвик, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот EuroTeleSites тим!
